На 18.08.2025 во 06:00 часот во с.Казандол, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Е.А.(39) од с.Казандол. При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Гевгелија, биле пронајдени и одземени 11 стебла од растението Канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 мм, една рачна бомба постар модел, една торба и ...
На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип. Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки ...

