„Храмот на натписите“, Петар Стојановски (АрсЛибрис) Нивес се загледа во една градба што прилегаше на минијатурна пирамида од шест-седум метри и притрча да се искачи на неа. „Нивес, што правиш, сестро, таму горе?“, ја довикуваше Сантијаго, додека со едната рака си правеше сенка на очите, бидејќи сончевите зраци продираа директно кон него додека гледаше нагоре кон сестра си. Нивес забележа нешто, ја облеа чудно чувство. Гледаше дали е на ...

„Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ („Или Или“) Весна редовно, еднаш месечно, од година в година, ѝ го носеше пакетот до шалтерот, до строгата службеничка, без да посака да ја види, без да изусти барем нешто како поздрав, без да праша: како е мама. Всушност, ни зборот мама никогаш не бил изговорен.Тоа испуштање беше толку екотно и жестоко, што дури и службеничката, небаре некакво сожалување сепак го пробило нејзиниот тврд службен оклоп, кога ...