Граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за протест на булеварот „Партизански одреди“ спроти пекарницата „Силбо“ во Скопје каде што беше прегазена 22-годишната студентка од Неготино Фросина Кулакова. Протестот е закажан за денеска во 13 часот. На него ќе се бара да се подигне безбедноста во сообраќајот, но и одговорност за судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога. ...

Во Скопје денеска во 13 часот ќе се одржи протест на местото каде што загина 22-годишната Фросина Кулакова, која беше прегазена од 20-годишен возач без возачка дозвола, додека минувала на пешачки премин. Исто така граѓаните на Неготино денеска ќе одржат мирен собир во чест на 22-годишната Фросина Кулакова, која завчера трагично го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин во Скопје. Настанот ќе започне во 15 часот на градскиот ...