Кампањата во Карпош се лизга по најлесната траса — лични дисквалификации, подгризувања и брзи прес-реакции — наместо по долгиот пат на програми, буџети и рокови. ВМРО–ДПМНЕ го отвори дневниот циклус со обвинение дека актуелниот градоначалник и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, четири години им ветувал на карпошани „плоштад и најубава фонтана“, подземен паркинг и нови фасади во Лептокарија, а дека на терен им оставил „само купишта ѓубре“ и ниту ...

Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија со лаги и навреди. А најиронично од сè е што во Карпош ни го доведоа за кандидат човек кој до вчера седеше по кафани, со купена диплома пред една година, и единствено искуство му е чашката, а не проекти и работа, реагираат од партијата ГРОМ. ,,Граѓаните треба да знаат дека овој нивни „кафанџија-кандидат“ денеска седи во канцеларија и оперира со државниот буџет. Преку фирмата Алкалоид ...