Дел од гранитните плочки зафатени од лизгалиштето на Широк Сокак во Битола се подигнати над основата. Засега е непознато колкави се оштетувањата, зашто лигалиштето уште не е демонтирано од Плоштадот Магнолија. Но, се гледа дека повеќе од плочките се на повисоко ниво од другите, што не беше случај пред да се стави монтажниот објект. Плочките се дел од амбиенталната улица Широк Сокак која е под заштита како културно наследство од особено значење. ...
Изместени од лежиште и подигнати се дел од гранитните плочки на битолски Широк Сокак кои ги следат контурите на монтажното лизгалиште на плоштадот „Магнолија“. Тоа беше поставено пред два месеца и веќе не е во функција, но сè уште не е отстрането, па не може да се види каква е состојбата на плочките кои се под овој монтажен објект на амбиенталната улица под строга заштита. Од Општина Битола велат дека доколку има одредени оштетувања на плочките, ...