Граѓаните на Кочани денеска излегоа на протест, барајќи правда и одговорност за трагедијата во дискотеката, во која загинаа најмалку 59 лица. Гневот и болката се чувствуваа низ насобраната толпа, а многумина го искажаа својот револт против надлежните институции. Според извештаите од терен, на две лица им се слошило за време на протестот, по што им била укажана помош од Црвениот крст. -Убијци, убијци! Секој еден може да е следен! Сакаме правда!, ...

Еден ден по трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“, граѓаните излегоа на протест во Кочани барајќи одговорност за смртта 59 млади луѓе го изгубија животот во пожар. „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“,„Убијци“ се само дел од пораките испишани на транспаренти, со коишто блиските на загинатите, нивните соученици и пријатели го изразија својот револт од прераната загуба на десетици млади ...