Цените на акциите пораснаа на европските берзи во петокот претпладнето, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од вестите за ублажување на трговските тензии меѓу САД и Кина. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,6 отсто во првиот дневен пресек од тргувањето и е на добар пат за својот прв седмичен раст за три седмици. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,33 отсто на 8.765 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,84 отсто ...
Цените на европските акции пораснаа во понеделник во претпладневното тргување, бидејќи инвеститорите се надеваат на трговски договори меѓу САД и нивните партнери, што би ја отстранило неизвесноста од пазарот. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,2 отсто во првиот пресек од тргувањето. Истоврмено лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,14 отсто, на 8.810 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,13 отсто, на 24.065 поени, ...