Никола Младенов е роден во Скопје на 10 март 1964 година. Тој беше македoнски новинар, актер, сопственик и главен уредник на неделникот „Фокус“, кој се смета за еден од најугледните новинари во Македонија, а заедно со своите колеги од весникот „Млад борец“ и за еден од основоположниците на плуралистичките правила во македонското новинарство. Во негова чест е именувана наградата за најдобра истражувачка сторија на годината што секоја година ја ...

Зафир Хаџиманов е роден во Кавадарци на 25 декември 1943 година. Тој беше истакнат македонски пејач, композитор, актер и поет. По таткова линија, Зафир Хаџиманов потекнува од Кавадарци, додека по мајчина линија е скопјанец. Неговиот татко, Васил Хаџиманов, бил првиот во семејството кој започнал да се занимава со музика уште од неговите средношколски денови во Велес. Подоцна, тој се запишал на фармацевтски факултет во Белград, но го напуштил и се ...