Eвропскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, денеска ќе престојува во посета на Бугарија. Во Софија тој ќе се сретне со премиерот Росен Желјазков и министерот за внатрешни работи Даниел Митов, јавува БГНЕС. На разговорите ќе бидат разгледани прашања поврзани со Пактот за миграција и азил, управувањето со миграцијата, интеграцијата на Бугарија во Шенген-зоната и управувањето со надворешните граници. Подоцна истиот ден, ...
Шенген е едно од најголемите достигнувања на ЕУ. За да го зачуваме, мора да го обновуваме – преку модерни технологии, безбедни надворешни граници и солидарност меѓу државите. Бугарија има клучна улога во тоа. Ја чуваме границата не само за нас, туку и за цела Европа. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој во Софија го пречека еврокомесарот за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер, јавува БГНЕС. За време на средбата, двајцата ...