Во Македонскиот културен центар денеска прес-конференција одржа Клаудио Губитози, претседателот на „Џифони Италија“, човекот кој веќе 56 години стои зад најголемиот фестивал за млади во светот. Неговата визија, како што истакна, од едно мало гратче со 8.000 жители создаде глобален културен феномен кој денес инспирира милиони млади. „Кога почнував, знаев дека Џифони ќе прерасне во нешто големо. Тоа беше мојата вера и мојата борба, и успеавме“, ...

Што сработиле учесниците на 13. „Џифони Македонија“, публиката ќе може да види вечерва во 19 часот на затворањето на фестивалот во киното „Фросина“ во Скопје. Џифонци ќе ги прикажат нивните дела кои се резултат на изминатите шест дена на работилниците за кратки документарни филмови, за фотографија, видео во еден кадар, работилница за кратки филмови, за стрип, а кај основците – за перформанс и мјузикл и за краток филм. По шест години, во Скопје ...