Ракометарите на Охрид, во комбиниран состав, без никаков проблем славеа против Шампион со убедливи 45-10 во елиминациското коло, со што се изборија за групна фаза во Купот на Македонија. Победникот беше решен уште по првиот дел кога Охрид им дозволи само шест гола на противниците, а во второто полувреме домаќините примија и уште помалку погодоци, само четири. Најдобри кај охриѓани беа Наум Костов со 12 гола и Никола Ристески со седум гола. ...

ГРК Охрид забележа висока победа над РК Шампион Скопје во рамки на елиминациите од Купот на Македонија и обезбеди пласман во понатамошниот тек од натпреварувањето. Попладнево во салата „Билјанини извори“ Охрид славеше со 45:10 (полувреме 23:6). Пред натпреварот присутните во салата со едноминутен молк им оддадоа почит на жртвите од страотниот пожар во Кочани кој однесе 59 животи. Натпреварот од почеток до крај се одвиваше во еден правец. ...