МВР со засилени контроли. На 17 булевари, каде најбрзо се вози и каде се загубиле најмногу човечки животи, полицијата е на терен. Од вчера до денеска изречени се околу 1,000 казни. Бројките се фрапантни. Покрај под дејство на алкохол, голем е бројот на лица кои возат без возачка дозвола, вели министерот Тошковски. -Вчера казнети се 368 учесници, меѓу кои 29 се без возачка дозвола, 4 кои возат под дејство на алкохол, изјави Панче Тошковски, ...
Во Скопје започнаа да се спроведуваат засилени контроли од страна на сообраќајната полиција. Еден од контролните пунктови во главниот град вечерва ги посети министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој рече дека фокусот е ставен на булеварите, бидејќи тие се „црните точки“ и места на најчести сообраќајни несреќи со човечки жртви. Тошковски упати апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите, да ги почитуваат сообрачајните ...