Германскиот интернационалец, Томас Милер го постигна првиот гол во дресот на Ванкувер Вајткепс и тоа погодок за драматична победа над Сент Луис Сити од 3-2. Милер беше сигурен реализатор на пеналот кој беше изведен до 14 минута од судиското продолжение, меѓутоа прашање е дали домаќините воопшто требаше да добијат шанса да шутираат удар од 11 метри. Главниот судија Базакос донесе скандалозна одлука и тоа по прегледување на снимката, се даде ...
Манчестер Јунајтед ќе мора да почека најмалку до третото коло за прва победа во Премиер лигата, откако тимот на Рубен Аморим одново покажа слабости како многупати минатата сезона. „Црвените ѓаволи“ не успеаја целосно да се наметнат на „Кревин Котиџ“ против Фулам кој е незгоден домаќин, но мора да се признае дека пропушти и голема прилика да запише прв триумф во второто коло. Јунајтед незаслужно загуби од Арсенал во дербито кое се одигра во ...