Иран го преместил на непозната локација поголемиот дел од збогатениот ураниум кој му е потребен за да произведува оружје, пред американскиот напад во неделата, 22 јуни, изјави висок ирански извор за Ен-Би-Си-Њуз. – Таму каде што се обидовме да ја запреме програмата, можеби всушност ја забрзавме – изјави за Ен-Би-Си Њуз американскиот сенатор Марк Кели, демократски член на Комитетот за разузнавање. Веста ја пренесе и Ројтерс. „Висок ирански извор ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Израел изврши нов воздушен напад врз нуклеарната постројка Фордо, јужно од иранската престолнина Техеран, соопштија иранските медиуми денес, јавува Анадолу. „Пред неколку моменти агресорот повторно ја нападна нуклеарната постројка Фордо“, изјави портпаролот на Штабот за управување со кризи во провинцијата Квом. Полуофицијалната новинска агенција Тасним го потврди нападот, но не даде детали за евентуалната штета. Овој напад се ...