Фудбалерите на ПСЖ убедливо го загубија финалето на Светското клупско првенство од Челзи (3-0). Натпреварот на „МетЛајф стадион“ му припадна на англискиот тим, иако европскиот првак важеше за фаворит. Колку парижани беа немоќни најдобро покажа потегот на Жоао Невес. Португалецот во финишот од натпреварот имаше два „судири“ со Марк Кукуреља. Првиот пат Шпанецот падна и бараше фаул, а лутиот Невес дојде да го крене во знак на револт. Сепак, ...

Луис Енрике покажа дека е лош губитник, откако неговиот тим го загуби финалето на Светското клупско првенство против Челзи (3-0). Шпанскиот тренер немаше нерви и направи срамен потег по крајот за време на славјето на „сините“. Во еден момент Енрике пријде до група играчи на двата тима, а таму го нападна противничкиот напаѓач Жоао Педро. Тој со раката го допре или турна во лицето, па иако Бразилецот изреагира драматично, потегот беше непромислен. ...