Демократските избори во европските држави се меѓу примарните таргети на руските ФИМИ операции, констатира најновиот извештај на Европскиот екстерен акциски сервис за манипулации со информации и опструкции од странство. Во центарот на руската ФИМИ инфраструктура, има слој на канали директно врзани за Кремљ. Медиуми како Спутник, РТ, ТАСС, Риа Новости, Газета, Лента, Соловиев Лајв и Украина.ру играат централна улога во производство и зајакнување ...

Воената инвазија на Русија врз Украина од 24 февруари 2022 година, го засили широкиот спектар на тактики за манипулација со информациите користени од Кремљ, вклучително и градењето дезинформациски наративи кои постојат уште од 2013 година, се наведува во најновиот извештај на Европскиот екстерен акциски сервис за ФИМИ во 2024 година (манипулации со информации и опструкции од странство). Според извештајот, руските манипулативни напори се всушност ...