Вечерва во 20 часот кај Споменикот на слободата во Кочани ќе се одржи панел дискусија и концерт во рамки на младинската програма „Лето во друштво“. Настанот е организиран од Здружението за рурален развој ЛАГ Брегалница и е симболично посветен на петте месеци од трагедијата во „Пулс“. На панелот ќе се разговара за приоритетите за подобар квалитет на живот во Кочани, а вечерта ќе продолжи со настап на бендот „Без Памет“. Организаторите ги ...

Со силна порака дека „спомените се единствената сила што нè држи исправени“, денеска во Кочани се одржа 18. „Марш на ангелите“, посветен на младите животи што згаснаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. Настанот се одржа токму на денот кога се навршуваат пет месеци од трагедијата што роднините и пријателите ја опишуваат како најтешкиот ден во нивните животи. „Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. … ...