Ѓорѓи Христов е роден на 30 јануари 1976 година во Битола. Фудбалската кариера ја започнал во ФК Пелистер односно во неговиоте младински категории. На 16 години, Христов започнал да настапува во првиот состав на Пелистер, пред да премине во Партизан во 1994 година. Следните три сезони ги поминал во црно-белите, победувајќи едноподруго првенства во 1995/96 и 1996/97. Во јуни 1997 година, Христов бил продаден на англискиот клуб Барнсли за сума од ...
Шенка Колозова е родена во Добрево, Пробиштипско на 1 февруари 1947 година. Таа е пензионирана македонска глумица, најпозната по улогите во Македонските народни приказни. Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје. Целиот работен век го поминала како професионална глумица во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала. Во кариерата ...
Горан Алачки е роден на 31 јануари 1965 година во Пожаревац, Србија, во македонско семејство. Тој е познат македонски хармоникаш и композитор на фолк-музика. Почнал да свири хармоника од својата 7. година. Тој има многу компонирани авторски песни и хитови („Дојди ми Лено на перниче бело“, Драган Мијалковски — Валандово фолк-фест 1989), „Што за светот што за децата“, „Меланхолија“, „Парче од Европа“ (Тоше Проески — Национален евросонг 2004), и ...