Дејствието е сместено во Монтевидео – Уругвај, во 1972 година, една година пред државниот удар во 1973 година. Државата се наоѓа под страшна диктатура, а Диего и Леонардо, двајца писатели на добро познато ТВ хумористично шоу, се борат да го задржат својот интегритет под притисокот да ја намалат политичката сатира против војската. Рохас, поручникот задолжен за мачење субверзивна младина, наоѓа емотивно засолниште кај проститутката Сузана. Полека, ...

Мерион и Мингус живеат пријатно – можеби премногу пријатно – со нивната мачка и двете мали деца од претходните врски. Меѓутоа, кога веселиот татко на Мерион, нејзината прекумерно секси сестра и нејзиното поранешно момче кое решила да го поведе на патувањето, без никаква најава ќе дојдат во посета, ќе започнат два незаборавни дена во Њујорк кои ќе ја тестираат врската на Мерион и Мингус. Нивниот несвесен расизам и сексуална искреност без граници ...

Откако тројца чувари на светилникот пристигнуваат на работа на оддалечениот шкотски остров, тие откриваат уништен чамец со сандак полн со злато. Додека еден мистериозен брод се упатува кон островот, тројцата се соочуваат со ситуација што ќе им ги промени животите засекогаш, заробувајќи ги во мрежа од алчност, параноја и убиства. Џерард Батлер и Питер Мулан глумат во овој возбудлив трилер полн со акција, базиран на вистински настани. © 2020 ...

Откако раскина со своето момче, 28-годишната новинарка Хана решава да го напушти Стокхолм и да се врати во родниот град Алингсас, кај нејзиниот барт и родителите. Откако ќе се вработи во локалната новинска станица, нејзиниот свет се превртува наопаку, кога нејзиниот татко, почитуван свештеник во заедницата, ќе го информира своето семејство за неговата женска страна и објавува дека сака на светот да му се претстави како Маријана. Целото семејство ...