Цената на лебот да се намали на 20 денари, бараат од Асоцијацијата на земјоделци и фармери. Од таму велат дека откупната цена на пченицата од 9 до 11 денари е ниска, а цените на лебот кои се движат од 30 до 35 денари за просечна векна, се превисоки. Според производителите на леб пак, сегашната цена е реална и прифатлива и потенцираат дека во крајната цена се вклучени и останатите трошоци, меѓу кои и работната сила. После ценовните шокови, ...
Несериозни се барањата лебот да се намали на 20 денари без претходно да се направат сериозни анализи за да се утврди било што, вели Горан Георгиевски од Агро-бизнис комората при ССК. Во целиот процес на производство но и потоа постојат низа други обврски кои произлегуваат од моментот на производството па се до тоа лебот да стигне до рафтовите. „Ако се направи една анализа, сериозна анализа мислам, ќе се видат точно трошоците. Меѓуетоа ќе се ...