За секој потпис на документ како министер Венко Филипче земал пари и за тоа понекогаш знаел и тогашниот експремиер Зоран Заев – тврди Бојан Јовановски познат како Боки 13. Во дел од документарниот филм кој го сними Јовановски за случајот Рекет во кој е осуден на пет години затвор, објави фотографија од лидерот на СДСМ која е направена наводно во неговиот дом, за кого вели дека бил чест гостин кај него. Јовановски го нарекува Филипче најпослушен ...
Бојан Јовановски во својот документарец раскажува за односот кој го имал со Зоран Заев и Венко Филипче. Боки вели дека сегашниот лидер на СДСМ бил чест гостин во неговиот дом. – Филипче беше во мојот дом, кој да не кажам секој ден, беше чест гостин. Најпослушниот министер на Зоран Заев кој беше поставен од Радмила Шеќеринска. Но, потоа Венко Филипче некако се дистанцираше од Шеќеринска и се приклони кон клонот Заеви, бидејќи таму насети моќ, ...