Неколку десетици граѓани се собраа утрово пред судот во Нови Сад, за поддршка на граѓаните уапсени за време на протестите минатата недела. Сослушувањата на уапсените се закажани од 9 часот. Три полициски комбиња се распоредени околу судот, објавува 021.rs. На собирот повикаа студентите во блокада на факултетите во Нови Сад. „Затоа бараме укинување на притворот за сите политички затвореници и итна одлука за жалбите во законските рамки“, порачаа ...

Тие бараат итно ослободување на сите приведени без докази, против кои се поднесени сериозни кривични и прекршочни пријави, вклучувајќи обвиненија за напад врз службено лице, насилно однесување, нарушување на јавниот ред и мир, па дури и обид за тешко убиство. Во соопштението, студентите потсетија дека 13 нивни другари биле во притвор 30 дена, наведувајќи дека ова не е владеење на правото, туку демонстрација на сила. Тие велат дека не се ...