На 15 локации во Куманово се поставени контејнери за одлагање текстилен отпад. Специјалните контејнери се наоѓаат во дворовите на градинките, на основните училишта и на уште неколку локации, каде што ќе бидат заштитени од уништување и празнење. Контејнерите ги поставува фирмата „Еко текс“, која е колективен постапувач за селекција на отпад во договор со Општина Куманово. „Станува збор за висококвалитетни садови, не попусто се ставени во ...

Во Куманово почна поставувањето специјални контејнери за собирање отпад од текстил. Вчера беше поставен таков контејнер во детската градинка „Ангел Шајче“, објект „Синоличка“, а плановите се да се постават на 15 локации во Општина Куманово. – Целта на оваа иницијатива е да се овозможи правилно и одговорно управување со текстилниот отпад, да се поттикне граѓанската свест за рециклажата, како и да се придонесе кон заштита на животната средина. ...