Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на индонезискиот остров Јава, соопшти локалната агенција за геофизика. Земјотресот е почувствуван и во Џакарта, каде се евакуирани некои згради, како и во близина на градот Бандунг. Не е издадено предупредување за цунами, додека Геолошкиот институт на САД (USGS) соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 68,3 километри. Индонезија, архипелаг од 17.000 помали и ...

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија. Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри. Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри ...