Во 17 часот кај Универзална сала започна протестот „Правда за Фросина“. Препорачано Меѓу присутните на протестот е и семејството на Фросина Кулакова. Насобраните граѓани ќе се движат до Собранието, Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд. Иницијативата „Кој е следен“ објави правила и препораки за однесување на протестниот марш: 1. Почитувајте ги инструкциите на редарите; 2. Движете се постојано по рутата на маршот и ...
Километарска колона луѓе го исполни булеварот Партизански одреди и оттаму продолжи кон Собранието на вториот протест во Скопје по повод трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова, која загина на пешачки премин на 29 јануари. Иако еден од најмасовните изрази на револт и солидарност досега видени во Скопје, тоа беше постигнато со тишина и достоинство, без говори и скандирања, а сите пораки беа испратени преку пароли и транспаренти. Маршот го ...