Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, победник на последните два Вимблдона, се пласираше во осминафиналето на овогодинешниот Гренд- слем турнир на лондонската трева. Во третото коло, Алкараз го победи германскиот тенисер Јан-Ленард Штруф со 6-1, 3-6, 6-3, 6-4. Алкараз загуби еден сет, иако имаше предност во брејкот на почетокот на вториот сет. Најголемата борба се разви во четвртиот сет, кога Штруф добро се држеше до 4-4, кога загуби гем на свој ...
Рускиот тенисер Карен Качанов (АТП-20.) е првиот четвртфиналист на овогодинешниот Вимблдон, а за место меѓу осумте најдобри на третиот Гренд-слем турнир во сезоната, го победи Полјакот Камил Мајхшак (АТП-109.) со 6-4, 6-2, 6-3 во меч кој траеше еден час и 47 минути. За 29-годишниот московјанец, ова е второ четвртфинале на „Ол Ингланд Клаб“, а шесто вкупно на Гренд-слем турнирите, каде што неговиот најдобар резултат е полуфинале (УС Опен 2022 и ...