Добивај вести на Viber И овие локални избори во поголемите градови има по илјадници неважечки гласачки ливчиња, додека во одредени општини и излезноста е ниска, што алармира дека гласачите се незадоволни. На ниво на целата држава, излезноста е под 50 отсто, а бројот на неважечки гласачки ливчиња е 23.930. Васил Радиноски, кој беше првиот градоначалник на Општина Вевчани вели дека нискиот одзив и бројот на неважечки ливчиња укажуваат дека ...
Евидентирани се вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња во вториот круг на локалните избори за градоначалници, кој се одржа на 2 ноември во 33 општини. Овој број неважечки ливчиња е 5,6 отсто од сите употребени ливчиња. На гласање вчера излегоа вкупно 345.525 гласачи. Во Град Скопје, од 167.575 гласачи, 10.528 ливчиња се неважечки, што е 6,3 отсто од вкупниот број. Тоа значи дека речиси секое шеснаесетто ливче во Скопје било неважечко. ...

