Станарите на зградите од комплексот „Џевахир скај сити“ веќе неколку недели, како и целиот главен град, се соочуваат со огромен проблем – „Комунална хигиена“ не го собира отпадот пред комплексот и според фотографиите што ги добивме, веќе е создадена огромна дива депонија каде кој ќе стигне остава ѓубре. Препорачано Во зградите А, Ц и Д, каде што управител е фирмата „Хауз мајстор“, живеат неколку илјади станари што секојдневно, како и сите ...
„Слободен печат“ дојде до снимка на која се гледа како работници на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ со службено возило почнуваат да празнат еден контејнер од неколку на улицата „Вангел Тодоровски“ во Аеродром, но се премислуваат поради некоја причина и заминуваат, а целото ѓубре останува покрај контејнерите. Препорачано Насочена камера фаќа еден од хигиеничарите како му вели на колегата да заминат — со ѓубрето оставено покрај контејнерите. ...

