Кога децата ги стекнуваат овие навики уште во основно училиште, се гради довербата и основата од која понатаму растат во одговорни учесници во сообраќајот— не само за себе, туку и за другите. Во изминатите пет години (2019–2024), според податоци на МВР, 771 лице го загубиле животот во сообраќајни несреќи, а најчеста причина за несреќи со смртни последици и понатаму се брзото возење, непочитување на првенство на минување, возење во спротивна ...

Безбедното учество во сообраќајот на најмладите е голема одговорност за целото општество, сообраќајната безбедност не е само техничко прашање — тоа е вештина која треба да се учи од најмала возраст, да се практикува и постојано да се потсетува, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Посочуваат дека во оваа насока и оваа година, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството ...