Режисерот Џејмс Камерон, креатор на култни филмови како што се „Титаник“ и „Аватар“, се приклучи на „клубот“ на милијардери. Неговата четиридецениска кариера, обележана со револуционерни проекти и неверојатни успеси на бокс-офисот, сега е крунисана со статус на еден од најбогатите луѓе во филмската индустрија, пишува Форбс. Патот на Камерон до богатството започна со „Терминатор“ и „Вонземјани“ во 1980-тите и продолжи со франшизата „Аватар“. ...
Неколку дена пред излегувањето на третиот дел на „Аватар“, Џејмс Камерон се придружи на клубот на милијардери, откако „Форбс“ го процени неговото вкупно богатство на 1,1 милијарда долари. Ова го прави 71-годишниот Камерон само петти филмаџија со статус на милијардер, покрај Џорџ Лукас, Стивен Спилберг, Питер Џексон и Тајлер Пери. Сепак, „Форбс“ нагласува дека Камерон е единствениот филмаџија кој го стекнал статусот главно преку своите филмови, ...

