Со силно полициско обезбедување се очекува да продолжи судењето за трагедијата во Кочани во која загинаа 63 млади луѓе. Препорачано Блиски и роднини на загинатите и денеска се во Идризово каде го чекаат продолжението но во помал број од првото рочиште. Со полициски комбиња беа донесени обвинетите кои се во притвор. На обвинителна клупа се вкупно 38 обвинети и денеска треба да се изјаснат за вина и да дадат воведни зборови. Паралелно со главниот ...
Ние родителите на убиените деца бараме правдата да има имиња и презимиња, сите кои несовесно постапувале биле алчни и корумпирани да одговараат по закон, рече пред продолжението за судењето за Кочани Јулија Златкова, мајка на загинатиот Томас. Препорачано -Сакам да прашам кој му дозволи на овој монструм, да го задуши, да го убие моето дете и сите останати. Син му, брат му, обезбедувањето, полицајците, Инспекторите од сите институции, министрите ...

