Повеќе пари за плати, пензии, помаку за социјални надоместоци. Ќе се градат патишта, болници, училишта – предлог буџетот за наредната година стигна во Собранието. Владата планира од државната каса да потроши 6,73 милијарди евра, а да собере 6,1 милијарди евра. Од даноци ќе се соберат речиси 3 и пол милијарди евра, што е пораст од 6%. Во државната каса ќе се слеат повеќе пари од данок на личен доход за 8,7%. Најголем пораст ќе има кај приходите ...

Предлог-буџетот стигна пред пратениците Предлог-буџетот за 2026 година веќе е доставен во Собранието, а во него, според најавите на владините претставници, се опфатени клучните политики што ќе се спроведуваат, кои, пак, целат кон забрзување на економскиот раст и постепена фискална консолидација. Економскиот раст за следната година е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП, со предлог-буџетот за ...