Освен рингишпилот на Луна-паркот, во круг се вртат надлежните кој издал дозвола, а кој треба да ја контролираа работата на Зимзоленд. По реакциите на околните жители, Телма се обрати до организаторот на забавниот парк, кој потврди дека имал договор за закуп и дозвола за работа од општина Аеродром. Но, оттаму негираат за одговорност. Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески вели дека станува збор за приватен објект и тие како општина ...

Телма дознава дека вечерва неколку државни институции биле во контрола на забавниот парк Зимзоленд. Засега не откриваат дали и што утврдиле при контролите, повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден. Претходно надлежните институции се амнестираа од одговорност за забавниот парк, меѓусебно си ги префрлаа ингеренциите за дозволата за неговото функционирање. Дали и кој му издал дозвола на Зимзоленд поради кој настана сообраќаен хаос ...