Луис Енрике со огромна самодоверба допатува во Ливерпул и најави дека неговиот ПСЖ ќе брка победа на „Енфилд Роуд“, стадион на кој се надева дека ќе биде исправена неправдата од првиот натпревар на „Паркот на принцовите“. Шпанскиот стручњак во најавата за реванш осминафиналето посочи дека „светците“ нема што да загубат во ситуација кога имаат негатива од првиот меч, па планот е да се изврши апсолутен пресинг и притисок врз тимот на Арне Слот, ...
Луис Енрике не ја криеше својата радост и со огромни емоции го прослави пласманот во четвртфиналето уште на теренот на „Енфилд Роуд“, по што беше максимално срдечен и благонастроен кон противникот за кого не штедеше комлименти. Во својата прва анализа по импресивниот двомеч на „Паркот на принцовите“ и „Енфилд“, популарниот Лучо нагласи дека и двата тима заслужиле билет меѓу осумте најдобри, признавајќи дека неговиот тим вчера бил надигран на ...