Интер сезонава едноставно не може да најде решение за играта на градскиот ривал Милан. Во реваншот од Купот на Италија, Милан во улога на гостин убедливо со 3:0 го победи Интер и се пласира во финалето. Ова беше петти меч сезонава меѓу градските ривали, а Милан стигна до третата победа, додека двапати беше нерешено. Интер успеа да остане непоразен само на еден меч од првенството, кога беше 1:1, а со истиот резултат заврши и првиот меч од ...
Откако Интер испадна од Милан во Купот на Италија, се уништи сонот за тројна круна сезонава, а сега постои реална опасност за актуелниот италијански првак да остане и без ниту еден од трофеите кои ги брка(ше). Во Лигата на шампионите играат полуфинале против фаворизираната Барселона која игра одлично сезонава. Интер утре игра лигашки меч со Рома и ќе има помалку време за одмор од Барса која вечерва игра финале на Купот на Шпанија против Реал. ...