Полицијата утрово околу 2 часот во Тетово ги лишила од слобода Е.З. (24) и А.О. (24), и двајцата од скопското село Грчец, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје. Како што информира МВР, Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години, а А.О. на казна затвор од три години. – Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено-поправна установа, се наведува во соопштението од МВР. ...
СВР Битола соопшти На 03.01.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Битола во паркот кај Стив Наумов во Битола ги лишиле од слобода М.Е.(39) и В.Р.(35) двајцата од Битола. При преглед кај В.Р. била пронајдена прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава .Од страна на полициски службеници М.Е. бил спроведен во КПУ Затвор Битола бидејќи истиот со судска ...