Македонија го промени знамето, уставното име, направи еден куп идентитетски отстапки. Изминатите години бевме многу пати понижувани, се соочувавме со непринципиелни услови, а европскиот сон стануваше се понедостижен. Наместо перспектива и јасен пат напред, земјава останува заглавена меѓу блокади и политички условувања. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека доста е од уцени – ќе направиме се за да си ја завршиме домашната задача и да бидеме ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ќе ги заврши сите обврски поврзани со евроинтеграциите, но дека нема да дозволи булинг врз Македонија во процесот. „Ние ќе направиме сè што е во нашата моќ да ја завршиме домашната работа, ајде да видиме тогаш што ќе се случи. Пред 8 години, кога менувавме имиња и презимиња, ни велеа дека сме фронт ранери и дека за 3-4 години ќе бидеме во ЕУ. Тие 3-4 години изминаа и и каде сме? Таму каде што ...