Премиерот Христијан Мицскоски кажа дека Бугарија сака да ја уништи македонската нација и идентитет, а тоа се покажало и денеска, откако Европскиот парламент го усвои Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2023 и 2024 година. Во конечната верзија на текстот се отстранети сите референци за „македонскиот јазик и идентитет“, кои претходно беа вклучени во нацрт-верзијата усвоена од Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на 24 јуни. ...
„Бугарија постигна нешто што ретко го правела – го одбрани својот национален интерес“ – вака лидерот на бугарската партија, Има таков народ, Слави Трифонов го коментирал тоа што Извештајот за Македонија во ЕП помина без термините македонски идентитет и јазик. Според Трифонов, тоа се должи на фактот поради јасната позиција на ИТН, која предложила резолуција до Бугарското собрание за цврст став на Софија во врска со тврдењата на Македонија. ...