Охрид, 20. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти август 2024 година, околу 01:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 59-годишно лице од Охрид, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и упатувал закани кон друго лице, исто така од Охрид. – По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид ...
Охрид, 22. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви август 2024 година, во 16:47 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Даме Груев“ во Охрид, поради нарушени односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу четири лица на возраст од 74, 26, 69 и 72 години, сите од Охрид. – По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес @OhridPress ...