Генерално имавме многу плоден ден, тука во Лондон, со многу состаноци коишто опфатија неколку различни теми, тоа се економија, безбедност и процесот на интегрирање на Македонија во рамките на ЕУ, што генерално беа и теми коишто беа опфатени и на Самитот на Берлинскиот процес, истакна премиерот Христијан Мицкоски. -Тука беше додадена уште една тема, а тоа беше нелегална миграција. Морам да кажам дека денот беше инспиративен, го започнав со ...
„Во денешно време се соочуваме со поинакви предизвици, но со подеднакво значење за иднината на нашата држава и народ. Како претседател на Владата, свесен сум за секој еден од нив, и покрај сите нив, еден од најважните е битката за стандардот и подобриот живот. Тоа е она што го бара и што му е потребно на народот. И битката за Европската Унија треба да се гледа низ поривот за подобар живот и стандарди, и затоа таа наша цел, и покрај сите удари и ...

