Рано утрово е уапсен министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош. Претходно имаше информација дека полицијата врши претрес во неговата куќа. Полицијата рано утрово упадна во неговиот дом во Загреб. „Јутарњи“ неофицијално објавува дека на мета на истражителите се и неколку високопозиционирани лекари, директори на клиники и болници. Хрватското Биро за борба против корупцијата и организиран криминал (УСКОК) потврди дека станува збор за нивна ...

Полицајците дошле на адресата на Берош со наредби за претрес, дознава Н1 Загреб од извори блиски до истрагата, а пренесува МКД. Според нив, еден од осомничените лекари е началникот на Клиниката за неврохирургија КБ „Сестри милосрдници“ проф. д-р Крешимир Ротим. Агенцијата Хина пишува дека станува збор за набавка на дуални микроскопи за неврохирургија, кои наводно биле преплатени, а дека меѓу уапсените е и Ротим. УСКОК соопшти дека денешните ...