Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека пристап кон планината воопшто ќе нема и дека блокадата ќе важи за сите кои се поврзани со изградбата на енергетските објекти, односно на малите хидроцентрали. Тие апелираа до сите граѓани да им се придружат на локацијата кај Смрдлива Вода, покрај Гевгелија, а ...
Пред повеќе од две недели активисти и организации од цела Македонија започнаа секојдневно да се собираат на местото викано Смрдлива Вода во знак на протест против најавата за изградба на хидроелектрани. Од движењето „Спас на Дошница“ денеска објавија дека и покрај протестите, владата вчера не изгласа против, туку го продолжи рокот на уште една година за изградба на две мали хидроелектрани на Дошница – МХЕЦ Баров Дол и МХЕЦ Папрад. Препорачано ...