Зоран Руди-Цеки, Мирослав Тодосовски-Миро и Кире Науновски се македонски финалисти во големото балканско ТВ-шоу, „Никогаш не е доцна“ (Никад није касно) кое оваа недела со почетокот во 21.15 ќе го гледаме на фреквенцијата на ТВ Сител. Водителот е секако, како и секогаш харизматичниот Жика! Зоран Руди-Цеки го знаеме и како фронтмен на групата „Бело копче“, а до финалето стигна благодарејќи им на огромниот број гласови по пат на „Фејсбук“. По тој ...
– Се чувствувам преубаво. Сите ми честитаат, членовите на жирито (Алка Вуица, шефот Маре, Енес Беговиќ), водителката Драгана Катиќ, оркестарот, сите. И сите отворено покажуваат дека ме почитуваат, а јас се трудам на сите да им излезам во пресрет, да стојам цврсто на земја, да не летам во облаци, бидејќи не сум таков, занесен. Сите се навистина добри, на сите им благодарам што гласаа за мене – вели среќниот Кире Претпоставувавме дека ќе победи, ...