Колорадо на Андреј Јакимовски успеа да ја мине и втората рунда на BIG 12 турнирот што се игра во Канзас Сити во рамките на НЦАА лигата. По триумфот над TCU (Ти-Си-Ју), Андреј и компанија му земаа мерка на осмиот носител Вест Вирџинија со 67:60. Аутсајдерот одигра моќно второ полувреме во кое ја избриша негативата од првиот дел и си обезбеди триумф кој го однесе на соочување со првиот фаворит Хјустон. Нашиот Јакимовски одново имаше двоцифрено ...

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски го доигра најефикасниот меч во НЦАА лигата, ама неговиот Колорадо не успеа да направи уште едно изненадување и претрепе пораз од Хјустон во четвртфиналето на БИГ-12 турнирот што се игра во Канзас Сити. Јакимовски експлодираше на дуелот со првиот носител, беше најдобар играч на теренот со 25 поени, 8 скока и 4 украдени топки, меѓутоа немаше соодветна поддршка од соиграчите да се шокираат Кугарс кои ...