Веќе нема дилеми дека Карлос Алкараз е во страшна форма на УС Опен. Како може да се каже поинаку, ако се знае дека денеска во меч од 1/16 финалето за само еден час и 44 минути просто го декласираше Лучиано Дардери со 3:0 во сетови. Карлито беше доминантен во текот на целиот овој меч, па така на експресен начин се пласира во 1/8 финалето на последниот гренслем турнир оваа година. Италијанецот едноставно немаше сила, знаење и квалитет како да се ...
Новак Ѓоковиќ е во 1/8 финалето на УС Опен откако успеа да го победи Камерон Нори од В. Британија со 3:1 во сетови. Најдобриот тенисер на сите времиња се мачеше со повредите, имаше болки во грбот, во два наврати бараше и медицински третман, но сепак на крајот успеа да победи и да се пласира во следната фаза на последниот грен-слем во оваа година. Во Њујорк тој покажа дека има голема желба да дојде до што подобар пласман без разлика на повредите ...