Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, вели дека платите во администрацијата се мали, но барањето за зголемување од 30% е преголемо. Тој нагласи дека зголемувањето ќе биде возможно само ако се обезбедат средства преку Министерството за финансии, но процесот ќе бара време поради проблемите со буџетот. Минчев во интервју за 24 вести истакна дека сега има големи дупки во буџетот, наталожени со години, и дека не може да се решат преку ...

По најавата за протест на 14 јануари на вработените во дел од министерствата, доколку не се прифати барањето да добијат 30% додаток на плата, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, изјави дека протестот е демократско право. Во интервју за ТВ 24, тој кажа дека тоа прашање треба да се разговара со повеќе министерства, пред сѐ во Министерството за финансии, „за евентуални дополнителни средства“ во државниот буџет со кој ќе се овозможат ...