Унгарската нискобуџетна компанија авио-компанија „Визер“ од вчера, кога стапи на сила зимскиот распоред на летање, укина три авиолинии од Скопскиот аеродром. Веќе нема летови за Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста. На сајтот на авио-компанијата повеќе ги нема овие дестинации и не можат да се купат карти. Нема информации дали повторно овие линии ќе бидат пуштени на пролет со летниот ред на летање иако засега ги нема во резервациониот систем. ...

Владата неодамна најави три нови летови од скопскиот аеродром со компанијата „Визер“, а со стапување на сила на зимскиот распоред, оваа унгарската нискобуџетна авио-компанија укинува три авиолинии од Скопскиот аеродром, и тоа за Келн, Копенхаген и Стокхолм. „Визер“ се повлекува од Келн поради високите цени за услуги и давачки што ги воведе аеродромот Келн-Бон. За да се надомести интересот за тој дел од Германија, компанијата ќе ги зголеми ...