Ноемвриската плата за вработените во јавното здравство ќе биде повисока за 10 отсто, е договорот од денешниот состанок помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Зголемувањето е договорено со анекс на Колективниот договор за здравствена дејност, а како што кажа Мицкоски, порастот на платите ќе ...
Зголемувањето на платите во здравството за 10 проценти е договорено со анекс на Колективниот договор за здравствена дејност на состанокот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Самостојниот синдикат на Клинички центар Скопје и Владата. Покачувањето на платите ќе почне да се применува од ноември, за што работна група со претставници од Министерството за здравство и ФЗОМ ќе работи на усогласување на анексот. На ...