Сања Пановска Миланова е родена на 16 февруари 1978 година во Сараево. Таа е македонска диригентка и пијанистка. Сања Пановска Миланова го започнала своето музичкото образование во Сараево. Во 1990 година, освоила прво место на детскиот југословенски фестивал „Децата пеат хитови“ во Нови Сад. Во 1992 година со семејството се преселила во Скопје. Дипломирала пијано на инструменталниот отсек при Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата ...

Славица Николовска-Зафировска е родена на 18 февруари 1948 година во Скопје. Таа е позната македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. По завршувањето на Театарската академија во Загреб, 1971 година, таа се вработила во Драмски театар – Скопје каде работела сè до нејзиното пензионирање. Нејзината актерска игра ја одликувала лирската боја и поетско интонирани сценски толкувања. Зафировска ги остварила филмските улоги: 1971 Некаде морам ...