Уште три македонски одбојкарски клубови денеска ги дознаа противниците за европските купови на ЦЕВ за новата сезона. На ждрепката во Луксембург, УГД Штип во машка и Работнички и Наковски Волеј во женска конкуренција ги добија ривалите за првите кола во рамките на ЦЕВ Челинџ Купот. Штипјани во европското деби за ривал го добија норвешкиот состав Кол Ил од Осло. УГД Штип на првиот меч ќе биде гостин во термин меѓу 11 и 13 ноември, додек реваншот ...

Своето европско одбојкарско деби ова есен ќе го има и екипата на Наковски Волеј. Струмичанки кои минатава сезона се закитија со трофејот од Купот на Македонија, сега имаат нов предизвик, настап во Челинџ Купот на ЦЕВ. Среќата на денешната ждрепка сакаше Наковски Волеј во премиерата да добие силен ривал од Чешка, ТЈ Острaва. Тренерот на тимот, Александар Митев вели дека противникот е фаворит. „Ова е наше прво излегување на меѓународна сцена. ...